(ФОТО) Кралицата за нејзината омилена снаа остави подарок: „Речиси целото покровителство на Елизабета“

Софи од Весекс, сопругата на принцот Едвард и грофица, треба да преземе голем број добротворни организации од покојната кралица. Извор близок до кралското семејство изјавил дека тоа е подарок од кралицата за нејзината омилена снаа.
„Кралицата и грофицата имаа одлични и блиски односи. Нејзиното височество се восхитуваше на нејзиното чувство за должност, нејзината силна работна етика и начинот на кој ги балансираше јавните должности и семејниот живот“, рекол изворот, додавајќи дека тие исто така споделувале многу заеднички работи и интереси.
„Одлуката на кралицата да и ги префрли покровителствата само зборува за нивната силна врска“, истакнал тој.
Напоменал и дека станува се попопуларна и дека веројатно ќе биде се’ поприсутна во јавноста.

This image has an empty alt attribute; its file name is sofi-od-veseks-1.jpg


Што се однесува до добротворните организации на кои Софи треба да стане покровител, неименуван извор спомнал организација која се занимава со афирмација и едукација на жените (Woman’s Institute) и организација за грижа и заштита на кучиња (Dogs Trust).

View this post on Instagram

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)



„Омилена снаа на кралицата“
Софи била видно скршена од смртта на кралицата Елизабета Втора. Странските медиуми пренесуваат дека кралицата и нејзината 57-годишна снаа отсекогаш биле многу блиски, дури и толку многу што во некои прилики ја нарекувала „мама“. Софи на дворот е позната како „омилената снаа на кралицата“ и нејзината „втора ќерка“.


По смртта на нејзината мајка Мери Рис-Џонс пред 17. години, Софи ги гледала членовите на кралското семејство како членови на сопственото семејство. Таа била најголемиот поддржувач на кралицата кога починал нејзиниот сопруг Филип минатата година. Принцот Едвард и Софи беа првите кои ја посетија кралицата по неговата смрт.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Што може да се случи во вашиот организам ако јадете ДВЕ ЛАЖИЧКИ МЕД секој ден? Канадските научници дојдоа до многу интересни податоци

Еве како редовното консумирање мед може да влијае на организмот Канадските научници истражувале и утврдиле …