Трик кој може да ви помогне да ги отстраните непријатните МИРИСИ И ФЛЕКИ од облеката: Се’ што ви треба е СОСТОЈКА која ја имате во кујната

Состојка која ќе ви биде моќен сојузник во перењето алишта
Веќе е добро познато дека алкохолниот оцет може да го замени омекнувачот, бидејќи ги отстранува дамките и не остава мирис на оцет на алиштата, но неговата примена во перењето алишта е многу поширока. За разлика од вообичаените детергенти и омекнувачи, алкохолниот оцет е природно средство за чистење, а исто така е и многу поевтин.

Еве 8 причини зошто алкохолниот оцет треба да стане ваш главен сојузник при перење алишта и долна облека:

loading...

1. Истурете половина чаша алкохолен оцет врз алиштата пред да ги ставите во машината за перење. Оцетот ќе ја заштити бојата на облеката, ќе го зголеми ефектот на детергентот и ќе спречи да останат остатоци од детергент на облеката по перењето.

2. Користете алкохолен оцет наместо омекнувач. Истурете го во преградата за омекнувач и оцетот уште подобро ќе ја заврши работата на омекнувачот, бидејќи алиштата ќе бидат помеки, а околината почиста.


3. Киселината во алкохолниот оцет успешно ќе ги отстрани дамките од дезодоранси и трагите од пот од белата облека.

4. Алкохолниот оцет ги неутрализира непријатните мириси на облеката, што значи дека без проблем ќе го отстрани и мирисот на чад од нив.


5. Многу е тешко да се отстранат животинските влакна од некои видови ткаенини, но и тука помага алкохолниот оцет. Едноставно додадете го во машината и влакната ќе исчезнат.

6. Ако користите алкохолен оцет при перење алишта, ќе спречите и статички електрицитет на вашата облека.

7. Додадете 6. лажици алкохолен оцет во алиштата што ги перете рачно и оставете ги да отстојат половина час. На овој начин можете да перете и долна облека и костими за капење.

8. Самата машина можете да ја исчистите и со алкохолен оцет. Оцетот ќе ги отстрани сите нечистотии, како и трагите од бигор и мувла.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ова се најчестите причини зошто мажите се повеќе го избегнуваат бракот, а најчесто се во ЗАБЛУДА

Во последниве години, сè поголем број мажи избегнуваат брак. Можеби е лесно да се класифицираат …