Клинт Иствуд (92) го споделил рецептот за долговечност. Советите се едноставни и ефективни!

ИАКО има 92. години, Клинт Иствуд сè уште работи, моментално работи на нов документарен филм за дивиот свет наречен Why On Earth. Сепак, оваа славна ѕвезда можеби немаше да биде жива денес доколку не беше сведок на ненадејната смрт на неговиот татко. Во летото 1970. година, таткото на Клинт Иствуд починал од фатален срцев удар. Трагедијата страшно го погодила актерот, кој во тоа време решил да живее посовесно.

„Се обидувам да внимавам на внесот на заситени масти“, изјавил Иствуд за магазинот GQ.

loading...

Прекумерната конзумација на заситени масти може да доведе до покачено ниво на холестерол, што потоа може да ги наполни крвните садови и да го ограничи протокот на крв до виталните органи, како што е срцето. Ако протокот на крв во срцето е блокиран, доаѓа до срцев удар.
Храната богата со заситени масти вклучува масни парчиња месо, месни производи како колбаси, путер и маст, сирење (особено тврдо како чедар), крем и сладолед, некои солени грицки (крекери со сирење и пуканки), чоколадни слатки, бисквити, торти, колачи, палмино и кокосово масло.

„Држете се настрана од јаглехидратите, особено од слатките. Држете ја вагата во бањата. Одморете се како што треба. Обидете се да бидете оптимисти и да јадете овошје и сиров зеленчук. Земајте витамини“, советувал 92. годишниот Иствуд во интервју за Muscle and Fitness.


Експертите се согласуваат дека советот на Иствуд има смисла бидејќи управувањето со тежината е одличен начин да го намалите ризикот од болести. На пример, дебелината може да го зголеми ризикот од развој на дијабетес тип 2, висок крвен притисок и мозочен удар.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Ринго Стар е болен, ги откажал настапите: „Не е Ковид 19“

Ринго Стар бил принуден да ги откаже своите настапи овој викенд откако се разболел од …