(ВИДЕО+ФОТО) „THE CROWN“ – Гледаноста на серијата која го следи животот на кралицата Елизабета, по нејзината смрт, се зголемила за 800 отсто

По смртта на кралицата, гледаноста на историската драма „Круна“ се зголемила за 800 отсто само во Велика Британија, додека серијата се искачи на седмото место на глобалната топ 10 листа на Нетфликс.
Variety објави дека серијата на Нетфликс, која го следи владеењето на Елизабета Втора, забележала астрономски скок во гледаноста помеѓу петокот и неделата (9-11 септември), според податоците на аналитичката компанија Whip Media.

This image has an empty alt attribute; its file name is kruna-jpg.jpg
По смртта на Елизабета, рејтингот за „Круна“ во САД се зголемил за четири пати во текот на тој период, а рејтингот во Франција исто така тројно, според Whip Media.
Глобалнаата гледаност исто така се зголемил за четири пати во однос на претходната недела, па фановите без сомнение со нетрпение ја очекуваат петтата сезона на серијата.

loading...

Сепак, можеби ќе треба да почекаат уште малку, бидејќи Deadline објавил дека продукцијата нагло е прекината поради почит кон кралицата.


This image has an empty alt attribute; its file name is scena-od-tv-serijata-kruna-1.jpg
Писателот Питер Морган за весникот изјави: „Во знак на почит, снимањето на ‘Круна’ е прекинато денес. Снимањето ќе биде прекинато и на денот на погребот на Нејзиното Височество“.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Марго Роби и Кара Делевињ во клинч: Општа тепачка, раката на фотографот е скршена, таа е боса и разбушавена

Британските продуценти и пријатели на познатата австралиска актерка Марго Роби и англиската манекенка и актерка …