Почина театарскиот и филмски актер Радко Полиќ – Рац, соопштило Здружението на драмски уметници.
Радко Полиќ е роден за време на Втората светска војна во Чрномље. Дипломирал на отсекот драмски и уметнички говор на АГРФТ во 1965. година.
Тој беше актер кој создаде повеќе од сто театарски, над педесет филмски и десетици радио улоги.
Радко Полиќ Рац остави неизбришлива трага на театарот во Словенија. Списокот на неговите улоги, по кои ќе остане во меморијата на публиката и слушателите, е навистина долг и непроценлив.
Рац беше и еден од најпочитуваните филмски актери и во Словенија и во земјите од поранешна Југославија.

ПОЧИНАЛ РАДКО ПОЛИЌ: Познатиот актер починал на 80-годишна возраст
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.
✕