Русинките кои беа заробени 4. години успеале да се справат со тешката траума и да водат многу убави животи.
На 30. септември 2000. година, две пријателки Екатерина (14) и Елена (17) отишле во клубот да го прослават празникот на мачениците, Љубов, вера, надеж, не очекувајќи дека вечерта ќе се претвори во незамислива агонија. Сè се случило во Рјазан, место кое е оддалечено околу 150. километри од Москва. Епилогот на приказната бил четиригодишното ропство на малолетничките…
Имено, додека тинејџерките се враќале дома, зад нив застанал автомобил од кој човек по име Виктор Моков (48), работник во локална фабрика за автомобили им понудил да се прошетаат. Бидејќи во тој момент бил со својата „девојка“ Јелена Бадукина (25), што подоцна се покажало дека е невистина, Екатерина и Елена мислеле дека се безбедни и дека овој пар сака да им помогне. Тие се договориле да ги однесат дома.
Меѓутоа, во автомобилот Виктор им понудил вотка со многу седативи. Така зашеметени ги возел до градот во кој живее Скопин, а девојките се разбудиле во подрумот, на околу три метри под земјата, од каде никој не можел да ги слушне нивните крици.
Скривалиштето го градел 3 години
Моков таа ќелија ја градел три години. Во просторија долга и широка околу 3 метри, тој сè направил со рацете. Над подрумот имало просторија со скриена врата за да влезеш во неа. Самиот Моков едвај се провлекувал низ тој отвор.