„Кралот Чарлс не го сака во близина“

Откако Чарлс стана нов британски монарх, постои можност погребот на кралицата Елизабета Втора на 19. септември да биде последен јавен настап на принцот Ендру со остатокот од кралското семејство.
Принцот Ендру се повлече од кралските должности во 2019. година по скандалот со Џефри Епштајн и наводите за силување на малолетничка.
„Најголемата драма беше со принцот Ендру. Ако кралицата беше под стрес за нешто, тоа беше поради него. Беше вистинска криза”, изјавила за „Фокс“, Шенон Фелтон Спенсер, експерт за кралското семејство и односи со јавноста.
Иако на почетокот се чинело дека Ендру не отпатувал во Балморал со своето семејство, тоа се покажало како неточно.

This image has an empty alt attribute; its file name is princ-endrju-so-devojkata.jpg


„Чарлс не гледа толку благонаклонето како нивната мајка“
„Чарлс и Вилијам не се согласија со кралицата за Ендру. Тој е нејзиниот второроден син и таа мислеше дека треба да биде поприсутен за време на прославата на платинестиот јубилеј, но Чарлс и Вилијам не се согласија. Затоа ја искористија неговата корона инфекција како изговор“, објаснила таа.

This image has an empty alt attribute; its file name is princ-endrju-so-maloletnickata.jpg
Таа додала дека не верува дека Ендру ќе биде во првиот ред на погребната поворка, иако тоа е неговата мајка: „Неговиот шеф сега е кралот Чарлс и тој не гледа на него толку благонаклонето како нивната мајка. Тој ќе биде на погребот и ќе се придржува до протоколот, но не би ме изненадило тоа да биде негов последен јавен настап со семејството. Кралот Чарлс не го сака во близина“.


Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) СИТЕ ГИ ИЗНЕНАДИЛ – Принцот Вилијам фотографиран во геј ресторан во Варшава

Гостите во „Бистро Бутеро“, опишан на интернет како „квир простор“, биле шокирани кога го виделе …