(ФОТО) СЕ ОБИДЕЛ ДА ГИ СКРИЕ СОЛЗИТЕ – Дебитираше во Лигата на шампионите со победничките голови па се расплакал кога го видел својот татко на трибините

Бразилецот Ричарлисон зад себе има ноќ за паметење во која на најдобар можен начин дебитираше во Лигата на шампионите, а потоа ја покажа својата емотивна страна.
Ричарлисон летото се пресели од Евертон во Тотенхем во трансфер вреден 60. милиони евра и тоа му овозможи да дебитира во Лигата на шампионите оваа сезона. Првиот натпревар во најелитното фудбалско натпреварување во светот ќе остане засекогаш запаметен.
Крилниот напаѓач дебитираше со два гола во победата од 2-0 над Марсеј. Тој ги постигна двата гола на крајот, а потоа ја покажа својата емотивна страна на крајот од натпреварот.


Кога му беше доделена наградата за играч на натпреварот, тој го виде својот татко како стои на трибините најблиску до теренот. Неговите емоции го совладаа и плачеше, а солзите брзо го обиколија светот.

View this post on Instagram

A post shared by DCM (@direttacalciomercato)



Ричарлисон го покри лицето за да не го видат како плаче, но камерите го снимиле секој детал.


Поранешниот англиски репрезентативец Овен Харгривс, кој денес работи како стручен коментатор, изјавил дека е сосема во ред фудбалерот да покажува емоции по ноќ каква што беше за Ричарлисон, бидејќи поминал низ неверојатно трнлив пат од аматерскиот фудбал во Бразил до шампионската лига.

View this post on Instagram

A post shared by 3VZ Sports (@3vzsports)


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЛУДИЛО НА ПОСЛЕДЕНОТО КОЛО – Денеска исходот во групите А и Б, Англија и Холандија може да останат без осминафиналето на Мундијалот

Со денешните натпревари во групите А и Б започнува лудилото од последното коло на Светското …