(ФОТО) Каква средба на црвениот тепих: Амал и Џулија ѕвезди на вечерта, Џорџ во позадина

Кога се сретнале на црвениот тепих, не ги криеле емоциите и видно се израдувале една на друга.
Синоќа во Лондон се одржа премиерата на филмот Ticket to Paradise, а актерот Џорџ Клуни блесна во друштво на сопругата Амал и колешката Џулија Робертс.
Џорџ и Јулија се ѕвездите на оваа романтична комедија, а се потпишани и како продуценти. Секако нивната појава предизвика големо внимание, а самата средба на црвениот тепих беше проследена со смеа.
Џорџ за оваа пригода избра софистициран тегет костум, но згодните дами го украдоа шоуто.
Амал блесна во едноставен елегантен фустан од минт, додека Џулија се одлучи за фустан и јакна со принт на модната куќа Александар Меквин.

Фото: Принтскрин/Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Познатиот композитор е целосно уништен: „Скршен сум, не напушти пред неколку часа“

Еден од најпознатите британски композитори, Ендрју Лојд Вебер, објави дека неговиот најстар син Николас починал …