*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак…
Љубомората е чест проблем во многу интимни врски и ако е премногу изразена може да доведе до бројни проблеми.
Нејзиното потекло е најчесто несигурноста, но и потребата на љубоморниот партнер да доминира над другиот и постојано да го држи под контрола. Откријте кои хороскопски знаци се најљубоморни во врските.
Скорпија
Скорпиите се познати како најљубоморниот знак во Зодијакот. По природа се сомничави, па тешко се опуштаат дури и кога се во долга врска. Не можат да поднесат помисла дека партнерот ги изневерува или измамува, па постојано се на штрек. Тие тешко се воздржуваат и можат вербално да ја нападнат саканата личност ако само погледнат друга личност.
Рак
Раковите се чувствителни и како такви се подложни на љубомора. Тие се несигурни, па им треба партнер кој постојано ќе им обрнува внимание и одново и одново ќе им покажува колку ги сака. Ако тоа не е случај, тие стануваат љубоморни на сите со кои нивната сакана личност комуницира, се дружи или соработува.
Лав
Лавовите се прво и основно страствени. Тие ја опсипуваат својата сакана личност со внимание и комплименти и за возврат го бараат истото. Ако забележите дека обрнувате внимание на друг, тие се обземени од љубомора и гнев. Тогаш тие се способни да кажат и да направат сè. Очекуваат партнерот целосно да им се посвети и да внимава само на нив, па нема да се задоволат со ништо помалку.