Два природни елементи го намалуваат стомакот и го чистат телото од токсини

Сакаме да јадеме вкусна пица, помфрит и хамбургер обично придружени со ладен газиран пијалок, а потоа да јадеме нешто слатко како чоколадо или сладолед. Па, поради тие денови потребно е секогаш на менито да имате нешто што може да ви помогне тие моменти на задоволство да не завршат лошо за телото.
Кога консумирате големи количини на нездрава храна, која е богата со лоши масти, соли, шеќер, вештачки бои и вкусови, вашето тело ќе има тешко и долгорочно варење, што резултира со производство на големи количини на токсини. Во обид да ја неутрализирате зголемената киселост, вашето тело задржува течност, предизвикувајќи да се чувствувате отечени и да се здебелите.

This image has an empty alt attribute; its file name is pica-neapol-1.jpg
Храната богата со калиум и вода ќе помогне да се отстрани вишокот натриум (сол) од вашето тело. Јадете колку што можете повеќе диња, грозје, портокали, спанаќ, авокадо и слатки компири.
Јогуртот, освен што е богат со калиум, ќе помогне да се врати балансот на добрите бактерии во цревата. Јадете обичен јогурт или додадете малку цреши или боровинки, кои се богати со антиоксиданси, или неколку јаткасти плодови богати со омега 3 масни киселини.
Обидете се да пиете повеќе вода, но и зелен чај со ѓумбир и лимон. Ѓумбирот многу ќе ви помогне со чувството на надуеност.


This image has an empty alt attribute; its file name is dinja-3-1024x538.jpg
Изберете филети од риба богати со омега-3 масни киселини, кои докажано се борат со токсините поради нивните антиинфламаторни својства.
Идеално јадење за детоксикација е и салатата од црвен грав, богата со калиум и влакна.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЖИВОТ ВО ЗАЕДНИЦА – 1.500 луѓе споделиле 12. клучни совети за среќен брак

Разговарајте за сè отворено, особено за она што ве боли… Кога се оженил, американскиот автор …