Болна исповед на жена: Седев на моето биро, а потоа дознав дека сопругот ме изневерил – Тагата се претвори во гнев

Една жена решила да зборува за пеколот низ кој поминала откако дознала дека сопругот ја изневерува и што и поминало низ ум во тој момент.
Седев на моето биро на работа со прстите минати преку тастатурата. Зедов длабок здив и вложив максимални напори – што претпоставував дека може да биде шифрата за е-поштата на мојот сопруг – ја започнала нејзината болна исповед за Huffington Post.
Еден клик подоцна, дознав дека сум во право, и за неговата шифра и за моето чувство дека ме изневерува. Никогаш во животот не сум сакала толку силно да ме измами мојот инстинкт.
Кога ги хакирав неговата е-пошта и сметката на Твитер, не можев да престанам да читам.
Имаше толку многу пораки, од разговори за книги и музика до детални и експлицитни описи на сексот, и најдобро од сè – изјави на љубов и желба. Читав додека не издржав повеќе и отидов до мојата кола.
Седев, липајќи, додека не ми заѕвони мобилниот.
Еј душо, дали си на пат дома? Бакнеж! – тоа беше тој. „Бакнеж е зборот кој целосно ме уништи, претворајќи ја мојата тага во бес“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) МОМЕНТИ КОИ ВРЕДИ ДА СЕ ЗАПОМНАТ – Прекрасните бебиња близнаци се „препознале“ по прв пат, нивните насмевки кажале се!

Иако понекогаш се караме со нашите браќа и сестри, таа љубов е огромна и значи …