Од овој викенд Jingle Телевизија со свое Open Air Studio ќе ја пренесува целата атмосфера од овогодинешното издание на Пиволенд.
Во отворената летна програма ќе продефилираат безброј познати јавни личности од македонската сцена меѓу кои: Игор Џамбазов, Лара Иванова, Андреј од дуото ДНК и многу други.
„Онаму каде што се sвездите, таму сме и ние” е мотото на JingleTV, оваа година на најголемото музичко случување во Скопје ова лето.
Уредник и Водител на емисијата е Марко Шипка, додека Извршен Продуцент на истата е Андреј Постоловски. Во проектот е дел и познатата млада Поп-пејачка Лара Иванова со вокална најава на ТВ проектот.