До заклучок дошле по истражување кое траело 20 години
Кардиоваскуларните болести го заземаат неславното прво место според бројот на животи што ги одземаат. Една од најчестите причини за овие болести е несоодветната исхрана.
Исхраната е многу важна за нашето здравје. Важно е дали имаме редовни оброци, што консумираме и кога јадеме.
Пожелно е да се јаде овошје и зеленчук наместо нездрави грицки, а научниците издвојуваат храна богата со калиум. Бананите, авокадото и лососот изобилуваат со овој минерал кој му е потребен на нашето тело. Калиумот е добар за неутрализирање на штетните ефекти на солта и за намалување на високиот крвен притисок.
Професорот Ливерт Фогт, водечки истражувач од Медицинските центри на Универзитетот во Амстердам, нагласил колку е важно да се консумира храна богата со калиум. Тој тврди дека овој минерал помага да се зачува здравјето на срцето, но и дека на жените им е особено потребен.
Бидејќи високиот процент на сол во телото е поврзан со зголемен крвен притисок, тоа може да доведе до срцев удар и мозочен удар. Затоа лекарите препорачуваат да се намали внесот на сол, а калиумот помага да се отстрани вишокот сол од телото преку урината.
Учесниците во ова повеќегодишно истражување биле испрашувани за нивните навики во исхраната, им бил измерен крвниот притисок и биле земени примероци од урина за да се види колку калиум имаат во нивните тела. Тогаш нивната здравствена состојба била следена дваесет години.
Жените кои консумирале најмногу калиум имале 11. отсто помали шанси да доживеат срцев удар во споредба со жените кои консумирале најмалку количество.