Оваа диета не станала толку популарна во светот без причина: ќе јадете само најздрави намирници, а брзо ќе се ослободите од вишокот.
Липосукциската диета е еден од најпопуларните диететски режими денес, а тоа е понов начин на исхрана кој многу брзо се прошири низ светот благодарение на социјалните мрежи. Многу познати дами тврдат дека и го должат својот совршен изглед!
Ваквата диета најчесто ја следат оние кои сакаат да ослабат околу 10. килограми за кратко време, а не е комплицирана, за разлика од другите режими на исхрана кои се’ повеќе се препорачуваат.
Како се држи липосукциската диета?
Овој начин на исхрана се заснова на зголемен внес на масти и протеини, додека конзумацијата на јаглехидрати е намалена. Задолжително е да се користат суплементи, поточно аминокиселини, кои помагаат во регулација на масното ткиво. Имено, тие ја активираат липазата, ензим кој делува на зголеменото искористување на мастите за да се добие потребната енергија, што е природен процес во кој може да се изгуби и до десет проценти од масата. Секако, неопходна е консултација со лекар, особено во однос на употребата на суплементи, за да се препорача вистинската доза и да се дадат сите потребни совети.
Вообичаено, липосукциската диета се следи 10 дена и во тој период се губат околу шест килограми, но некои ја следат две или три недели, па дури и еден месец.
Што е дозволено за време на липосукциската диета?
– сите видови посно месо
– јајца
– риба
– лечни производи
– чај, минерална вода, кафе
– крупно мелени житарки
– свежо овошје и зеленчук
Што е забрането за време на липосукциската диета?
– сите видови шеќер
– месо од внатрешни органи
– пекарски производи и, воопшто, бело брашно
– брашно од соја
– силни зачини
– преработено месо
– суво овошје
– зашеќерени газирани сокови
– алкохол
Што друго е задолжително за време на липосукциската диета?
Секое утро задолжително пијте незасладена лимонада на празен стомак, а навечер малку чај кој го поттикнува варењето. Обидете се да пиете колку што е можно повеќе течност, се препорачуваат најмалку два литра. Доколку огладнете помеѓу оброците, слободно користете свежи краставици кои имаат многу вода и не се претерано калорични.
Генерално се препорачува избегнување на физички активности за време на овој тип на диета.