Телото ви испраќа предупредување преку вашите нокти: Доколку ги забележите овие промени, задолжително посетете лекар

Овие промени може да укажуваат на сериозни здравствени проблеми
Понекогаш игнорираме некои промени во телото, кога всушност треба да обрнеме внимание на сигналите што телото ни ги испраќа. Многумина, на пример, не знаат дека симптомите на покачен холестерол се забележуваат на рацете, поточно на ноктите.
Кога артериите ќе се затнат поради високите нивоа на холестерол, обично нема очигледни предупредувачки знаци, а оваа состојба може да доведе до срцеви заболувања или срцев удар.
Затоа експертите советуваат да внимавате на ноктите, бидејќи еден од ретките симптоми на покачен холестерол е бледата боја на ноктите.
Лошата циркулација е резултат на акумулираните масти во крвните садови кои ја носат крвта подалеку од срцето, како и од другите делови на телото. Тоа значи дека ако вашите нокти станат бледи или екстремно кршливи, тоа може да укажува на слаба циркулација во екстремитетите.
Д-р Моника Васерман истакнува дека високиот холестерол обично „напаѓа тивко“, што го отежнува гледањето на какви било симптоми.

This image has an empty alt attribute; its file name is nokti-za-bolesti-1.jpg
„Но, тоа не значи дека не можете да препознаете покачено ниво на холестерол во телото. Еден од предупредувачките знаци се ноктите. Високиот холестерол доведува до формирање на масни наслаги во артериите, а тие влијаат на циркулацијата, што резултира со бледи нокти“, објаснува докторката.
Истото може да важи и за ноктите на нозете – бледите, кршливи нокти, како и ноктите кои растат бавно, се потенцијални симптоми на висок холестерол.
Други симптоми на покачен холестерол:
– Губење на влакната од нозете и стапалата
– Пецкање или чувство на слабост во нозете
– Кршливи нокти на нозете кои бавно растат
– Рани на стапалата или нозете, кои не заздравуваат
– Промена на бојата на кожата на нозете, како на пример да стане побледа или синкава
– Сјајна кожа
– Еректилна дисфункција кај мажите
– Намалување на мускулите на нозете


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ОБРНЕТЕ ВНИМАНИЕ – 300 ПРЕЉУБНИЦИ ГИ ОТКРИЛЕ ПОМОЛНИТЕ ТРИКОВИ СИ КОИ ЈА КАМУФЛИРААТ ИЗМАМАТА: ОВИЕ ДВЕ СТРАТЕГИИ НАЈЧЕСТО ГИ КОРИСТАТ! Една е ТЕШКО да се забележи!

Можеби не сте свесни за тоа, но аферите и изневерувањето во врските и браковите се …