КЕТО диета: Еден од најефикасните начини за слабеење

Ако се уште не сте, пробајте ја кето диетата и уверете се во нејзиниот ефект
Кето диетата е конципирана да вклучува јадење храна со висок процент на масти и многу ниска содржина на јаглени хидрати. Функционира така што телото влегува во состојба на кетоза, во црниот дроб, така што мастите можат да се користат како извор на енергија.
Кетозата всушност претставува природен процес кој телото го започнува за да ни помогне да преживееме во време на глад. Во текот на овој процес, ние произведуваме кетони, кои произлегуваат од разградувањето на мастите во црниот дроб. Кето диетата има за цел да го принуди овој процес, односно да го доведе телото во оваа специфична метаболичка состојба, не со гладување, туку со намалување на внесот на јаглехидрати. Покрај тоа што придонесува за губење на тежината, студиите покажаа дека кетогената диета придонесува за подобрување на состојбата на луѓето со дијабетес.
Оваа диета не можете да ја започнете и прекинете кога и да посакате. За да биде ефикасна, телото мора да влезе во состојба на кетоза и дури тогаш ќе започне губењето на тежината. Телото доаѓа во оваа состојба најрано по 2. дена од почетокот на диетата, а најдоцна по 7. Тоа зависи од вашиот организам. Процесот на влегување на телото во кетогена состојба можете да го забрзате со вежбање на празен стомак, конзумирање на доволна количина на вода и намалување на внесот на јаглени хидрати на 20 г. дневно.
Подолу ќе видите кои намирници треба, а кои не треба да ги консумирате за време на оваа диета. Изберете ги состојките по ваш вкус и направете ги јадењата што ги сакате.

This image has an empty alt attribute; its file name is brza-dieta-3.jpg


Храна што треба да ја консумирате:
Јајца
Пилешко
Масни риби: див лосос, харинга и скуша
Месо: говедско, дивеч, свинско месо
Млечни производи со многу масти: јогурт и путер
Полномасно сирење: чедар, моцарела, козјо сирење и крем сирење
Јаткасти плодови и семки: бадеми, ореви, семки од тиква, кикирики и семки од лен
Путер од јатки: путер од кикирики, бадеми и индиски ореви
Здрави масти: кокосово масло, маслиново масло, масло од авокадо, кокосово масло и масло од сусам
Авокадо: Можете да додадете авокадо во секој оброк или ужина
Зеленчук: зеље, брокула, домати, печурки и пиперки

This image has an empty alt attribute; its file name is puter.jpg


Намирници што не треба да ги консумирате:

Леб и колачи: бел леб, интегрален леб, крекери, колачиња, печива
Слатки и слатка храна: шеќер, сладолед, бонбони, јаворов сируп, сируп од агава и кокос шеќер
Засладени пијалоци: газирани сокови, овошни сокови, засладени чаеви
Тестенини: шпагети и тестенини
Житарици и житни производи: пченица, ориз, овес
Зеленчук: компири, слатки компири, тиква, пченка и грашок
Овошје: агруми, грозје, банани и ананас
Сосови богати со јаглени хидрати како сосови за скара, слатки преливи за салати
Одредени алкохолни пијалоци: пиво и слатки пијалоци


This image has an empty alt attribute; its file name is svez-zelencuk-1.jpg

Кето диетата е позната по тоа што килограмите ретко се враќаат. Сепак, пред да започнете со примената, консултирајте се со вашиот лекар или нутриционист за да потврдите дека вашето тело може да го надмине овој кето предизвик.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

КАКО МУДРИТЕ ЛУЃЕ СЕ ОДНЕСУВААТ КОН ЛИЦА КОИ НЕ ИМ СЕ ДОПАЃААТ: Што треба да кажете и да направите за да се заштитите?

Ви претставуваме техники – што да кажете ако ве нервираат, како да постапувате на работа? …