(ФОТО) Сопругата на Рајан Рајнолдс со една снимка го запали Инстаграм: „Мислам дека со моите деца почнав да се чувствувам многу поудобно во својата кожа!“

Американската актерка Блејк Лајвли ги воодушеви своите следбеници објавувајќи на Инстаграм фотографија во бело бикини, што ретко го прави.
Таа ја објави фотографијата ден пред нејзиниот 35-ти роденден, што беше совршен начин на нејзините следбеници да ѝ го честитаат роденденот.

View this post on Instagram

A post shared by Blake Lively (@blakelively)


Во мај, актерката за магазинот Форбс изјави дека нејзините три ќерки, со нејзиниот сопруг и актер Рајан Рејнолдс, ја зголемиле нејзината самодоверба, и на личен и на професионален план.
– Мислам дека со моите деца почнав да се чувствувам многу поудобно во своја кожа. Никогаш не сум се чувствувала поопуштено и посигурно во сопственото тело. Да не речам дека нема тони несигурности кои ме погодуваат милион пати на ден, но се чувствувам неверојатно смирено, рекла таа.


– Мислам дека растењето, раѓањето деца и други работи направија да се чувствувам како да сакам да правам само работи каде што можам да имам значајна соработка. Верувам во вредни соработки и тоа е она што го исполнувам во последно време, а никогаш не сум била посреќна, професионално, додала таа.

View this post on Instagram

A post shared by Blake Lively (@blakelively)


Лајвли претходно зборувала за борбата со несигурноста на телото откако ја родила ќерката Бети во октомври 2019. година.
Во серија објави на нејзината приказна на Инстаграм, актерката се осврнала на своите комбинации што ги носела во јавноста по раѓањето на нејзината ќерка и ги објаснила тешкотиите во наоѓањето облека што ѝ прилега за време на бременоста.
– Ова не им испраќа голема порака на жените кога нивните тела не одговараат на она што го нудат брендовите. Тоа е отуѓувачки и збунувачки, заклучила таа.

View this post on Instagram

A post shared by Blake Lively (@blakelively)

Актерката, која исто така ги дели седумгодишниот Џејмс и петгодишната Инез со Рејнолдс, додала дека сега посакува да била посигурна во своето тело по породувањето.
– Посакувам тогаш да се чувствував самоуверена како и сега, гледајќи наназад една година подоцна, напишала таа.
-Тоа тело ми даде дете. И ја произведе целата залиха на храна за тоа дете. Какво прекрасно чудо, продолжила таа.
– Но, наместо да се чувствувам горда, се чувствував несигурно. Едноставно затоа што не се вклопував во облеката, објаснила таа.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Дивееле со Ламборџини, полицијата им ги запленила автомобилите

ДИВЕЛЕ навечер со своите Ламборџини, а полицијата решила да го „награди“ таквото однесување. Иако суперспортските …