Седум навики кои го намалуваат ризикот од мозочен удар

Во една студија објавена во списанието „American Heart Association“, 11.500 средовечни возрасни во САД биле следени во период од речиси 30. години. Научниците анализирале како нивниот начин на живот влијае на ризикот од мозочен удар. Утврдено е дека седум ima едноставни животни навики кои луѓето треба да ги следат, пишува Daily Mail.
Иако се наведени во група од седум, само четири од нив се променливи фактори. Останатите три – одржување на нормален крвен притисок, контрола на холестеролот и намалување на шеќерот во крвта – се индиректни ефекти за зачувување на здравјето.
Познато е дека возраста, високиот крвен притисок, пушењето, дебелината, седечки начин на живот и дијабетесот го зголемуваат ризикот од мозочен удар. Друг фактор на ризик е семејната историја на болеста.
Сите учесници добиле полигенска проценка на ризикот од мозочен удар, врз основа на тестови на крвта кои идентификуваат мутации поврзани со фатални исходи.

Ова проценува колку е веројатно дека лицето ќе доживее мозочен удар во текот на својот живот, само врз основа на нивната ДНК. И нивните медицински досиеја биле проверени за да се види колку добро ги следат седумте животни навики.


This image has an empty alt attribute; its file name is zdrava-hrana-1024x576.jpg

Овие седум навики можат да го намалат ризикот од мозочен удар:
* Одржување добра, урамнотежена исхрана
* Редовно вежбање
* Живот без цигари
* Одржување на нормална телесна тежина
* Одржување нормален крвен притисок
* Контрола на холестерол
* Намалување на шеќерот во крвта


Нискиот холестерол бил проценет врз основа на тоа дали и колку лекови за намалување на липидите земале. Крвниот притисок се мери и според лековите што луѓето ги земале, додека шеќерот во крвта се проценува врз основа на тоа дали се лекуваат од дијабетес.
Исто така, евидентирана е историја на пушење, БМИ, телесна тежина и навики во исхраната, а физичката активност се мери во неделни интервали. Учесниците со најголем генетски ризик и најлошо здравје на срцето имале најголем животен ризик од мозочен удар, околу 25. проценти.
Меѓутоа, оние кои практикувале седум здрави навики имале 30. до 43. отсто помал ризик, покажува анализата. Оваа практика на крајот додала уште речиси шест години живот без мозочен удар.

This image has an empty alt attribute; its file name is protiv-dim-od-cigari.jpg


Севкупно, групата што ги следела овие навики најконзистентно имала најмалку случаи на мозочен удар (6. проценти), додека најмногу имало кај оние кои не ги следеле овие навики (57 проценти)
„Нашата студија потврди дека промената на факторите на ризик од начинот на живот, како што е контролата на крвниот притисок, може да го неутрализира генетскиот ризик од мозочен удар. Можеме да користиме генетски информации за да утврдиме кој е изложен на поголем ризик и да ги охрабриме да усвојат здрав начин на живот“, рекол водечкиот автор на студијата, професорката Миријам Форнаџ, генетичар од Универзитетот во Тексас во Хјустон.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Првите знаци дека заљубеноста се претвора во ОПСЕСИЈА: Препознајте го проблемот на време

На почетокот на секоја врска, особено во фазата на заљубување, вложуваме многу енергија во врската, …