Возачот на Ферари, Карлос Саинс јуниор, ја освои пол-позицијата во квалификациската трка за Големата награда на Белгија, 14. коло од сезоната во Формула 1, иако најбрз на патеката „Спа-Франкошам“ во саботата беше актуелниот шампион Макс Верстапен. Холанѓанецот е казнет поради користење на нови елементи на моторот.
First Q3 runs 👀#BelgianGP #F1 pic.twitter.com/UVofGv2i2s
— Formula 1 (@F1) August 27, 2022
Лидер во генералниот пласман е Верстапен со 258. бодови, а го следат Леклер со 178., Перез со 173. и Џорџ Расел со 158.
Трката на патеката „Спа-Франкошам“ се одржува од 1985. година, а во календарот на Ф1 ја немаше само во 2003. и 2006. година. Минатогодишното издание на трката го одбележа огромно невреме во кое идниот шампион Макс Верстапен стигна до победа практично без трка.
Трката е закажана за недела во 15. часот, а директниот пренос е обезбеден на Спорт клуб 2.
Фото: Принтскрин/Twitter