Починал актер од серијата „Беверли Хилс“

Актерот Џозеф Е. Тата, најпознат по улогата на Нејт, сопственикот на „Пич пита“ во серијата „Беверли Хилс“, починал на 86-годишна возраст.
Веста за неговата смрт ја сподели Иан Зиринг, кој во серијата го играше Стив.
„Во последните неколку месеци ја загубивме Џесика Клајн, една од најуспешните писателки и продуценти на серијата 90210, ја загубивме Дениз Доус, која ја играше г-ѓа Тисли, и многу сум тажен што можам да споделам со вас дека и Џо Е. Тата почина. Тој беше еден од најзабавните луѓе со кои сум работел, дарежлив, мудар и добар“, напишал Иан.
Според Deadline, на Џо му била дијагностицирана Алцхајмерова болест во 2018. година.

View this post on Instagram

A post shared by Ian Ziering (@ianziering)


Глумел во повеќе од 200. епизоди на Беверли Хилс
Џо беше во серијата од 1990. до 2000. година, поточно во 238. епизоди. Неговото кафуле беше омилено место за Брендон, Бренда, Дилан и Кели.
Роден е во Њујорк, а на почетокот на кариерата глумел во „General Hospital“, „The Outer Limits“ и „Mister Roberts“. Неговата телевизиска кариера процвета кон крајот на 70-тите и раните 80-ти.


This image has an empty alt attribute; its file name is dzozef-e-tejt.jpg
Тој е познат и по улогите во „Magnum P.I.“, „The Rockford Files“, „Hill Street Blues“, „Batman“ и „The A-Team“.
Неговата последна телевизиска улога беше во „Mystery Girls“, по што, како што рекла неговата ќерка, неговото здравје се влошило.
„Нејт беше татковска фигура за децата од Беверли Хилс. Во реалниот живот, татко ми Џозеф е чесен, полн со љубов и навистина неверојатен татко“, рекла Кели во тоа време.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Адам Сендлер, Брендан Фејзер, Кира Најтли и други познати ѕвезди овој месец на малите екрани

По дочекот на Новата Година и Божиќните празници редно време e да се опуштите и …