Честити Патерсон (23), девојка од Америка која од неговата смрт во 2015. година секој ден испраќала СМС пораки на телефонскиот број на својот покоен татко. Секако, никогаш не очекувала одговор, но како што вели, така и било полесно да се носи со загубата.
Таа штом ќе станала, праќала пораки да му „посака убав ден“ и да ги најави претстојните настани. Исто така, таа го правела истото секоја вечер пред спиење, а како што тврди секогаш му посакувала добра ноќ и му кажувала како и поминал денот.
– Еј тато, јас сум. Утре повторно ќе биде тежок ден – напишала Патерсон на 25. октомври, четвртата годишнина од смртта на Лигонс.
Нејзината долга порака, објавена на нејзината страница на Фејсбук и споделена повеќе од 288.000 пати, вклучувала детали за тоа како го победила ракот и дека нејзината состојба не се влошила од неговата смрт. Пишувала и за заљубувањето и скршеното срце, па се пошегувала и рекла – „Знам дека и ти би го убил“.
– Ги изгубив сите пријатели и го допрев дното, но најдов некој кој влезе во мојот живот и ме спаси – напишала Патерсон во пораката исполнета со емотикони, а потоа продолжила – Одлично ми оди, би бил толку горд на тоа каква жена станав – додала таа.
Таа ја завршила пораката со зборовите: „Само сакав да кажам дека те сакам и навистина ми недостигаш!“
Еден ден се случи нешто што во секунда и ја следило крвта во вените. Честити тотално била одземена кога ненадејно пристигнала порака на нејзиниот телефон со натпис „1 нова порака од ’ТАТО’“. Одговорот го добила од човек кој исто така се справувал со сопствената болка и загуба.
Таа несвесно му праќала пораки на маж по име Бред, чија ќерка загинала во сообраќајна несреќа во 2014. година.
Тогаш Бред, кој ги добивал нејзините пораки за починатиот Џејсон Лигонс, одговорил – со топли зборови ѝ кажал дека цело време ги читал нејзините пораки.
– Здраво душо, јас не сум твојот татко, но ги добивам сите твои пораки во последните 4. години. Со нетрпение ги очекувам твоите утрински пораки и твоите ноќни „извештаи“ – навел Бред.
Тој рекол дека во 2014. година ја загубил ќерката во сообраќајна несреќа и дека нејзините пораки „го одржувале во живот“.
-Со години сакав да ти испратам порака, но не сакав да ти го скршам срцето. Ти си извонредна жена и би сакал мојата ќерка да станеше таа жена – напишал Бред.
– Жал ми е што мораш да поминеш низ ова, но ако биде подобро, јас сум многу горд на тебе – рекол тој.
Патерсон рекла дека одговорот на Бред е знак дека „сè е во ред“ и дека конечно може да го „пушти“ тато, или мислата што ја врзува за него и и’ предизвикува болка и неможност да продолжи со својот живот.
Во подоцнежниот пост, Патерсон објаснила дека Лигонс не бил нејзиниот биолошки татко, но „крвта не можела да го направи поблизок“.
Фото: Принтскрин/YouTube