(ФОТО) ИМААТ 12. ГОДИНИ И СКОРО 2. МИЛИОНИ СЛЕДБЕНИЦИ! Најубавите близначки на светот пораснаа, но не се единствените кои добиваат комплименти

Ава Мари и Леа Рус се родени во 2010. година, а многу кратко по нивното раѓање беа прогласени за најубави близначки на светот, а целиот свет знаеше за нив уште пред да проодат.

This image has an empty alt attribute; its file name is najubavi-bliznacki.jpg
Нивната природна убавина е неопислива. Имаат совршен тен, свилена руса коса и чиста кожа и симетрично лице, а уште од најраното детство ја прашувале својата мајка Џеки Клементс зошто не ги пушти во светот на манекенството:
– Луѓето навистина ми велеа: „Леле, тие се толку убави, треба навистина да размислите да ги вклучите во манекенството“.
Имаат и постар брат, а кога Џеки решила да се обиде да се занимава со манекенство, кога девојчињата имале околу 6 месеци, сфатила дека тоа не е изводливо, поради тешките обврски што ги наметнал тој живот, а кои го зафатиле целото нивно семејство.



– Мојот прв обид траеше краткотраен и решив дека тоа не е вистинскиот момент – рекла Џеки и додала дека го чекала 7-миот роденден на девојчињата за да можат сами да донесат одлука дали сакаат да се занимаваат со манекенство.
– Им реков на моите ќерки, дека ако се подготвени, можат да се занимаваат и со манекенство покрај танцување и пливање – рекла оваа мајка, коментирајќи дека тогаш почнале да скокаат од радост и едвај чекале да почнат. Џеки исто така истакнала дека Ава и Леа сакаат да настапуваат и да бидат во центарот на вниманието.

View this post on Instagram

A post shared by Ava + Leah (@clementstwins)


Потоа им отворила профил на Инстаграм, а денес на 12-годишна возраст девојчињата имаат повеќе од 1,8 милиони следбеници. Сепак, не се единствените кои добиваат комплименти – изгледот на нивната мајка предизвикува воодушевување а обожавателите редовно и порачуваат дека треба да се занимава и со манекенство и дека е јасно од кого близнаците ја наследиле својата убавина.

View this post on Instagram

A post shared by Ava + Leah (@clementstwins)

Од друга страна, често се соочува со критики дека е лош родител кој ги притиска децата, дека заработува од нив и дека Ава и Леа изгледаат тажно додека позираат.
– Дали ги запознавте моите ќерки? Очигледно не, штом давате вакви коментари. Ја ценам вашата грижа, но моите девојчиња се добро! Тие се среќни. Имаат неверојатно детство, многу пријатели со кои си играат постојано. Една поза не ја дефинира нивната личност или квалитетот на живот – напишала оваа Американка.

View this post on Instagram

A post shared by Ava + Leah (@clementstwins)

Таа на повеќето фотографии одговорила и на прашањето зошто близначките се професионално нашминкани.
– Индустријата тоа го бара од нив – кратко прокоментирала таа.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Како брзо да се исушат алиштата во зима? Овие генијални трикови заштедуваат време!

Доколку немате тераса или соба во вашиот стан каде што можете да ги исушите алиштата, …