На актерот секако му требаше многу храброст за овој моден потфат…
Холивудскиот актер и миленик на жените повторно успеа да ја изненади светската јавност. Од Бред Пит сме навикнати на крајно необични стајлинзи.
Една од нив беше кога неодамна облече здолниште и ги надмина сите предрасуди дека тоа е само женска облека. Неговото здолниште се коментираше со денови, а јавноста беше поделена на оние кои го сметаа за премногу екстравагантно и оние кои беа воодушевени.
Сличен ефект постигна и овој пат. Тој на црвениот тепих се појави во барби розев костум. Тоа е креација на дизајнерот Ханс Николас Мот, од чија работа Бред очигледно е презадоволен, бидејќи во последно време носи само негови комбинации.
View this post on Instagram
Костимот имаше изразени копчиња, а комбинацијата ја комплетираше со бела маичка со кратки ракави и патики. Актерот уште еднаш се обиде да ги разбие предрасудите. Мажите не треба да носат само костуми во неутрална боја. Нешто ново и различно е секогаш добредојдено во светот на модата.
Фото: Принтскрин/Instagram