Џорџ Расел, возачот на тимот на Мерцедес, на своите фанови им откри како се подготвува за трките во Формула 1. Младиот Британец го воодушеви светот со вежбите кои ги практикува.
View this post on Instagram
Звучи неверојатно, но на видеото јасно се гледа, Џорџ Расел крева 30 килограми со глава! Толкава тежина држи со глава неколку секунди, со помош на неговиот личен тренер.
View this post on Instagram
Возачите на Формула 1 мора да бидат во исклучителна физичка и психичка состојба, бидејќи болидите достигнуваат неверојатни брзини, а на нив во кривините делува голема G сила. Затоа и не е чудно што ги нарекуваат пилоти. Токму тоа е нивото на подготовка што мора да го имаат возачите во Формула 1.
Џорџ Расел (24) е еден од најталентираните возачи на „најголемата трка во светот“. Својот квалитет го потврди доаѓајќи во Мерцедес, каде веќе постигна одлични резултати во својата дебитантска сезона, со пет пати искачување на подиумот. Третото место го освои во Австралија, Шпанија, Азербејџан, Франција и Унгарија.
View this post on Instagram
Англичанецот, роден во Кингс Лин, познато пристаниште, има и една пол позиција во кариерата, на трка во Унгарија, на патеката Хунгароринг. Има голем потенцијал и првиот човек на Ф1 тимот на Мерцедес, Тото Волф, смета дека во него се крие идниот шампион.
Роден е во обично англиско семејство, од средната класа, а во автомобилските трки се заљубил со својот постар брат Бенџи. Почнал да вози картинг, а двајцата браќа ја имале поддршката од родителите и сестрата Сара. Неговиот потенцијал бил препознаен уште во детството, а неговиот татко Стив, инаку мал претприемач, вложил пари во својот наследник и му овозможил да учи во најдобрите автомобилски школи.
Џорџ Расел освои се што можеше да се освои во картинг, а потоа премина во посилните шампионати за тркачки автомобили, каде што исто така имаше низа успеси. Почна да заработува, а во февруари 2015. година беше именуван како еден од 12-те возачи избрани да се приклучат на програмата „Суперѕвезди“ на британскиот клуб на возачи. Тој беше најмладиот некогаш примен во системот бидејќи имаше 17 години.
Тој беше шампион во ГП3 и Формула 2 шампионатите, што му ја отвори вратата на Формула 1, па во 2019. година потпиша договор со тимот на Вилијамс. Истата година, тој го направи своето деби во Ф1 на трката во Австралија. Тој во директна битка во ГП3 шампионатот го победи Ландо Норис, сега возач на тимот на Мекларен.
View this post on Instagram
Џорџ Расел го сака фудбалот и е голем фан на Вулверхемптон Вондерерс. Тој ужива во возење велосипед, голф, лизгање, планинарење и видео игри. Не се гледа себеси како ѕвезда, живее нормален живот. На социјалните мрежи го следат повеќе од два милиони луѓе.
Фото: Принтскрин/Instagram