(ВИДЕО+ФОТО) Злоставуваното момче за кое знае целиот свет доби улога во новиот „Mad Max“

КВЕЈДЕН Бејлс, момчето кое беше малтретирано поради неговото џуџест раст, доби улога во новото продолжение на Mad Max.

Оскаровецот Џорџ Милер му даде улога на сега 11-годишното момче во Furiosa, преквел на неговиот блокбастер „Mad Max: Fury Road“ од 2015. година.



Милер открил во интервју за Sydney Morning Herald Good Weekend дека вознемирувачкото видео споделено од мајката на Бејлс во февруари 2020. година го натерало да му даде улога на момчето. Затоа го ангажирал за неговиот филм Three Thousand Years of Longing, каде глумел заедно со Идрис Елба и Тилда Свинтон.
„Тоа помина одлично и за нас и за него. Тој заврши толку добра работа што доби мал дел во Фуриоза“, открил Милер.


This image has an empty alt attribute; its file name is kejden-bejli-1.jpg
Во вирално видео од 2020. година, Бејлс неконтролирано плаче на задното седиште на автомобилот. Тогашниот деветгодишник низ солзи раскажува како сака да се самоубие поради психофизичкото насилство со кое се среќава секој ден на училиште.


Мајката на момчето, Јарака, го објавила вознемирувачкото видео на социјалните мрежи во обид да го запре насилството.
„Ова е резултат на злоупотреба“, рекла таа.
Видеото стана вирално, а илјадници луѓе, вклучително и ѕвезди како Хју Џекмен, јавно го поддржаа момчето, кое живее во Австралија и му беше дијагностицирана ахондроплазија-џуџестизам, нарушување на растот на коските поради кое има торзо со нормална големина и значително пократки екстремитети од просекот.

Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Британските лекари советуваат: Доколку имате проблеми со кардиоваскуларниот систем, внимавајте на внесувањето на суво овошје

Треба да внимавате ако имате проблеми со срцето Кардиоваскуларните болести го заземаат неславното прво место …