ПОСЛЕ 35 ГОДИНИ БРАК ГО ИЗМАМИЛА МАЖОТ, ПЛАТИЛА НА „ЖИГОЛО“ ЗА СЕ*С: „Конечно уживам, некои жени трошат ПОВЕЌЕ ПАРИ за ФРИЗУРА“

Оваа жена го изневерила сопругот со маж кој работи како ескорт и воопшто не се кае.
Жена (56) од Велика Британија, сакајќи да остане анонимна, открила дека му плаќа на маж кој работи како ескорт и признала дека тој успеал, по долг брак, конечно да ја усреќи. Инаку, оваа жена е мажена и има три деца и пет внуци.
„Тогаш бев 35 години во брак со мојот сопруг Џејмисон (62), кога го запознав Скот (39), прекрасен човек, кој ме натера повторно да се чувствувам полетно“, ја започнала својата приказна.
„Никогаш не сум спиела со никој друг освен со мојот сопруг. Имав само 19. години кога тој и јас се венчавме, иако многу го сакав, нашиот сексуален живот никогаш не беше многу добар. Како што одминуваа годините, се помалку водевме љубов.Никогаш не уживав во тоа и секогаш барав изговори, обвинувајќи ја менопаузата или главоболките“, објаснила таа.
Сепак, таа признала дека нејзиниот живот со сопругот бил убав, иако во него недостасувала страст. Меѓутоа, оваа баба во последните години забележала дека нејзините пријателки се промениле и „оживеале“ по разводот, а таа сакала да се чувствува исто.
„Еден ден ми се случи да видам оглас на Интернет за таканаречена машка придружба од висока класа, човекот се викаше Скот и му испратив порака. Не помина многу време додека мојот телефон заѕвони. Беше тој и предложи да се сретнеме и да се договориме за неговите услуги“, вели оваа баба.

This image has an empty alt attribute; its file name is postara-so-mlad.jpg
Првиот состанок со Скот ја чинел 150 фунти, а бидејќи имала малку заштеда на страна, го платила однапред.
„Што не е во ред со тоа? Некои жени трошат повеќе на еден фустан или фризура“, вели таа.
Таа признала дека се чувствувала многу нервозно, имајќи на ум колку години има и колку има вишок килограми. Сепак, како што и самата кажала, Скот бил шармантен и позитивно влијаел на неа. Следните два пати излегле на пијачка, а потоа се случил пресврт кога таа му рекла дека сака четвртиот состанок да биде посебен.
„Се сретнавме во еден бар и по неколку чаши вино, тој ми предложи да одиме во хотелска соба, додека јас му кажав на мојот сопруг дека имам деловен настан“.
Оваа анонимна жена истакнала дека целосно уживала со Скот додека цело време се бакнувале и се допирале.
„Никогаш досега не сум доживеала вакво нешто“, признала таа.
Оттогаш, таа продолжила да се гледа со Скот речиси секој ден. Како што кажала и самата, и се подобриле и другите аспекти од животот, ослабела неколку килограми, а дома била порасположена и посреќна.


Фото: Илустрација

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЖИВОТ ВО ЗАЕДНИЦА – 1.500 луѓе споделиле 12. клучни совети за среќен брак

Разговарајте за сè отворено, особено за она што ве боли… Кога се оженил, американскиот автор …