(ВИДЕО) „НЕ БЕШЕ ТЕШКО“ – Победникот на црногорскиот натпревар во лежење одмораше 60 часа: „Не се ни загреав!“

Жарко Пејановиќ од Забјела е победник на 12. натпревар во лежење што традиционално се одржува во Црна Гора во етно селото Монтенегро, недалеку од Никшиќ.
Пејановиќ издржа 60, часа лежење и освои 350, евра, рафтинг, викенд во етничкото село, ручек за двајца во ресторан во Подгорица и уште многу награди од спонзори.
„Не беше тешко. Верувајте ми, не се ни загреав“, изјавил тој за за Glas Zabjela.


„Кога друштвото доаѓа да ги поддржи конкурентите, тоа е забавно, но најголемата грешка е кога доаѓа нечие семејство. Кога доаѓа нечие семејство, тешко е да не станете“, објаснил тој.
„Во Подгорица е жешко, не спиев, па дојдов да се наспијам, супер е овде“, низ насмевка изјавил Жарко пред самиот натпревар и успеал во тоа.
Необичниот натпревар се организира дванаесетта година по ред, а рекордот од 117. часа лежење се уште го држи Дубравка од Подгорица.

Фото: Принтскрин/Facebook


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дневен хороскоп за среда, 08.02.2023: Не ги потиснувајте вашите желби, постои личност која може да ви удоволи или да ви овозможи добар љубовен третман…

Овен Љубов: Топлите емоции секогаш имаат лековито дејство, затоа внимавајте на вашата сакана личност. Планирајте …