„Браќа Манаки” повторно ги вреднува создавачите на нови светови, врачена Златна камера 300 за животно дело на Ентони Дод Ментл

Реалноста не е доволна. Токму затоа од неа се раѓа копнежот по нова реалност, така ги создаваме уметничките светови, во кои ја наоѓаме ширината за сопствените соништа. Стануваме богови на нови светови, создадени само заради нашата сопствена недоволност. И тука почнува бескрајот. Од секоја идеја произлегува по една нова реалност и можеме да сонуваме, да ја обмислиме стварноста одново и така да се откриеме себеси одново.

Реалноста не е доволна и тоа е причината за постоењето на овој фестивал кој има голема традиција и е препознатлив во светски рамки како фестивал кој ја слави кинематограферската уметност.


This image has an empty alt attribute; its file name is manaki-7.jpg

-Битола овие денови ќе биде еден од главните центри на светската филмска мапа. По сите овие 43 фестивалски изданија реалноста не ни е доволна и секоја година фестивалот расте и се развива и сега веќе можеме да кажеме дека прерасна во еден од главните културни идентитети на Македонија. Фестивалот „Браќа Манаки” е всушност еден голем мост што ја поврзува македонската со светската кинематографија. Ние во фестивалот „Браќа Манаки”ги направивме сите возможни и невозможни работи за 43. Фестивалско издание да биде гордост на публиката, а Битола во овие фестивалски денови да пулсира во знакот на филмската уметност, рече Симеон Мони Дамевски, директор на ИФФК „Браќа Манаки”.


This image has an empty alt attribute; its file name is manaki-3-1.jpg

Дамевски му додели на Најџел Волтерс, долгогодишен претседател на ИМАГО, посебна награда, Почесна златна камера 300, која досега не била доделена.


– Уште кога станав претседател на ИМАГО ми рекоа, мора да внимаваш на Фестивалот „Браќа Манаки”, затоа што тоа е фестивалот каде што се слави филмската камера. И оттогаш сите даваме се да се продолжи оваа традиција и соодветно да се прослават кинематограферите и во таа насока се одржува и Балканската конференција на ИМАГО, рече Волтерс заблагодарувајќи им се на Фестивалот и на Друштвото на филмски работници на Македонија.

This image has an empty alt attribute; its file name is manaki-8.jpg

Наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм” ја додели претседатлот на ДФРМ, Игор Иванов Изи.

-Постојат навистина многу причини зошто токму Горјан Тозија треба да ја добие наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм”. Можеби најмалата од тие причини е тоа што тој е човекот кој ја измисли оваа награда. А во потрага по еден вистински систем на вредности во време кога некои вредности можеби беа заборавени, тој се одлучи да ја воспостави оваа награда и прв нејзин лауреат да биде Кирил Ценевски, токму во време кога беше малку заборавен. А потоа следеа многу значајни и големи имиња кои блескаат на големото или зад големото македонско филмско платно. И овој фестивал може да биде поделен на две епохи, пред и после Медо, затоа што оние кои се упатени многу добро знаат дека токму во време на неговиот мандат кога тој беше директор на овој фестивал, „Браќа Манаки” од значаен и убав, но сепак регионален настан, прерасна во светски фестивал на кој ги гледаме најголемите имиња на светскиот филм и на филмската камера , рече Иванов.

Наградата на ДФРМ која постхумно му е доделена на Горјан Тозија, ја прими неговиот син.

This image has an empty alt attribute; its file name is manaki-9.jpg

– Откако знам за себе, паметам колку тој го сакаше филмот и живееше за филмот. Од него научив колку е тешка филмската професија и колкави жртви бара. Секогаш ми велеше дека нема краток пат до успехот. Знам дека понекогаш беше избувлив и гласен во своите идеи и ставови, но секогаш беше со најдобри намери. Неговата најголема желба беше да го одведе македонскиот филм и култура надвор од нашите граници, рече Гого, синот на Горјан Тозија кој се заблагодари за укажаната чест.

Фестивалот „Браќа Манаки” сите изминати четири децении ги вреднува создавачите на нови светови, луѓето кои ни помагаат на сите нас преку окото на филмската камера да го гледаме филмскиот универзум.

This image has an empty alt attribute; its file name is manaki-1-2.jpg

Ентони Дод Ментл е филмски генијалец на нашето време, кинематограф кој со своите филмови ја создава современата историја на филмот. Добитник на Оскар и БАФТА, добитник на две награди на филмската академија, пионер на дигиталната кинематографија, член на британската, данската и американската асоцијација на кинематографери. Претседателот на РСМ, Стево Пендаровски му ја додели Златна камера 300 за животно дело на големиот мајстор на филмската фотографија, Ентони Дод Ментл.

This image has an empty alt attribute; its file name is manaki-4-1.jpg

-Најдлабоко им се заблагодарувам на организаторите за ова признание. Јас овде нема да запрам, нема да се откажам, иако оваа награда ја добивам во предвечерието на кариерата, но далеку ми е крајот. На сите млади луѓе кои посакуваат еден ден да стојат овде на ова место, без разлика дали се занимаваат со фотографија или со кинематографија, би им рекол дека најважниот објектив е оној во главата, а најважното нешто што треба да го кажат треба да дојде од срцето, сето друго е академско. Она што вие автентично го имате е во овие две точки, рече Ентони Дод Ментл.

Свеченото отворање беше збогатено си музички настап на Трите тенори кои изведоа филмска музика од „Кум”, како и групата „Фолтин”, а се обратија министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Што може да се случи во вашиот организам ако јадете ДВЕ ЛАЖИЧКИ МЕД секој ден? Канадските научници дојдоа до многу интересни податоци

Еве како редовното консумирање мед може да влијае на организмот Канадските научници истражувале и утврдиле …