Ако мислевте дека знаете сè за Меланија Трамп (52) – се лажете. Ви пренесуваме 11. работи кои не сте ги слушнале за поранешната прва дама на Америка
Кога Доналд Трамп победи на претседателските избори, сите сакаа да знаат само едно – се’ за првата дама на Америка, Меланија Трамп. И’ по истекот на нивниот мандат, јавноста се уште ја интересира секој детал поврзан со Меланија:
1. Таа е трета сопруга на Доналд Трамп
Меланија Кнаус почнала да излегува со Доналд Трамп во 1998. година, се омажила за него во 2005. година, а една година подоцна го родила неговиот син.
Пред Меланија, Доналд бил во брак со Марла Мејплс, со која ја има ќерката Тифани Трамп, а пред неа бил во брак со Ивана Зелничкова од Чехословачка, со која ги има ќерката Иванка, синот Ерик и синот Доналд Трамп Јуниор (44), кој е осум години помлад од неговата маќеа Меланија.
2. Клинтонови биле гости на свадбата на Доналд и Меланија Трамп
Бил и Хилари Клинтон биле меѓу 350-те гости на свадбата на Меланија и Доналд Трамп. Невестата носела венчаница од Диор вредна 100.000 долари. Фустанот бил толку тежок и напорен за носење што подоцна невестата се преоблекла во свилена креација на Вера Ванг.
3. Таа пораснала во Југославија и течно зборува пет јазици
Меланија течно зборува англиски, француски, српски, германски и словенечки јазик. Тоа можело да и помогне само во текот на годините во Белата куќа.
Меланија пораснала далеку од гламурот и високото општество. Таа ќе биде првата дама на Америка која доаѓа од Југославија, а втората која не е родена во Америка.