3. зборови кои ќе го променат текот на вашата врска: Обидете се да го кажувате ова почесто и вашата врска ќе цвета

Три збора што треба да ги кажувате во врската…
Еден љубезен збор отвора и железна врата. Го слушавме ова безброј пати во текот на животот, но дали навистина го применуваме?
Во животот, најчесто во емотивните врски, понекогаш забораваме дека комуникацијата е клучот за се. Ако знаевте дека 3. зборови можат да ја спасат вашата врска, дали би ги кажале?

Тоа се зборовите како „Што мислиш ти?“

loading...

Питер Пирсон, психолог за односи, верува дека горе наведеното прашање може да помогне во разговорот и целосно да ја промени динамиката на текот на разговорот.
На пример, ако некој му каже на партнерот: „Воопшто не ти е гајле за тоа како се чувствувам“, ова е еден вид обвинување и неговиот одговор ќе биде одбранбен – изјавил Пирсон.
Размената на одбранбени реченици нема да ве одведе никаде. Додека, вредноста на прашањето „што мислиш ти?“ може значително да го промени квалитетот на дијалогот што го имате. Конечно, ако додадете обвинение, тоа нема да звучи толку грубо и навредливо.
Овие три збора можат да го претворат конфликтот во соработка, демагогијата во демократија и да помогнат да се отвори разговорот на вистински начин.
Навистина е едноставно, наместо да напаѓате, започнете дијалог и без сомнение вашата врска ќе се издигне на следното ниво.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Грешки со кои жените ги уништуваат совршените врски

Истражувањата постојано укажуваат на разлики во начинот на размислување на мажите и жените Многу врски …