(ФОТО) Тајсон неодамна изјави дека наскоро ќе умре. Сега е снимен во инвалидска количка

„Велам дека сум при крај, дека ќе умрам многу брзо“, изјави неодамна Мајк Тајсон, еден од најголемите боксери на сите времиња. Со таа изјава 56-годишниот Тајсон ги загрижи фановите, а сега уште повеќе ги загрижија фотографиите на легендарниот боксер во инвалидска количка.
Тајсон е снимен на аеродромот во Мајами и се движи во инвалидска количка. Тој веќе некое време боледува од ишијас, поради што во 2020. година поминал две недели во кревет. Поради проблеми со долниот дел на грбот ставил крај на кариерата, а минатиот месец бил фотографиран како оди со помош на бастун.

This image has an empty alt attribute; its file name is tajson-vo-kolicka-1.jpg

loading...

Професионалната кариера ја започна во 1985. година, а една година подоцна, на 20-годишна возраст, стана најмладиот светски шампион и првиот боксер кој истовремено ги освои титулите ВБА, ВБЦ и ИБФ. Кариерата ја заврши со 50 победи и шест порази. Пред две години во јули, тој одработи егзибициска борба против Рој Џонс Јуниор.

Извор: index.hr


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Озил објавил фотографија од болничкиот кревет со надеж дека ќе реши долгогодишен проблем

Поранешниот германски репрезентативец Месут Озил објавил дека операцијата на грбот му „минала добро“ и дека …