(ФОТО) РОНАЛДО ЕКСПЛОДИРАЛ НА ИНСТАГРАМ! Во средината на приказната за ОТКАЗОТ во Јунајтед, тој го направи она што големите ѕвезди НЕ ГО прават

Кристијано Роналдо се бори со коментари и на Инстаграм, наместо да го спушти телефонот.
Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо, се наоѓа во најтешкиот момент во кариерата, бидејќи цело лето се обидува да го напушти Манчестер Јунајтед, но има два проблеми – клубот не сака да го пушти само така, а притоа никој не сака да го донесе…

 

loading...

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

A post shared by Sporturp (@sporturp)



Затоа веќе два месеци е „во неизвесност“ што најмногу му штети на Јунајтед, па дури и размислуваат за раскинување на договорот, а ваква информација стигнала и до Роналдо, кој се бори на свој начин – на Инстаграм.
Роналдо никогаш не бил поактивен на социјалните мрежи, а тоа пред се се однесува на коментирање. Многу работи го повредуваат и често на навивачите им ја објаснува својата страна од приказната, а сега отишол чекор понатаму и најавил интервју во кое ќе објасни се што му се случувало во последните неколку месеци на „Олд Трафорд“.

This image has an empty alt attribute; its file name is ronaldo-rezerva.jpg
„Вистината ќе ја дознаете кога ќе ме интервјуираат за неколку недели. Медиумите ве лажат. Имам тефтер во кој имам напишано вести во кои сум споменуван во последните неколку месеци, а можеби пет се точни. Роналдо напишал и додал: „Само замислете како е“.


Во меѓувреме, Кристијано Роналдо ги наруши односите со новиот тренер Ерик тен Хаг, со кого не се ни поздрави по катастрофата против Брентфорд, а ќе видиме како ќе се одвива нивната соработка доколку Португалецот остане на „Олд Трафорд“, што се чини се повеќе неизвесно затоа што постапката за раскинување на договорот е многу комплицирана.
Особено затоа што Роналдо не сака да трпи вакво понижување на 37. години, а на сите им е јасно дека не би го раскинал договорот затоа што сака да замине во Спортинг, туку станува збор за многу поголем проблем…

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Озил објавил фотографија од болничкиот кревет со надеж дека ќе реши долгогодишен проблем

Поранешниот германски репрезентативец Месут Озил објавил дека операцијата на грбот му „минала добро“ и дека …