(ФОТО) НАСТРАДАЛО 41. ЛИЦЕ – Салах направил голема донација за обнова на црквата уништена во смртоносниот пожар

Најдобриот фудбалер на Ливерпул Мохамед Салах донирал над 150.000 долари за обнова на црквата во Египет која изгоре во пожар.
Во Гиза пожар уништи црква, а во таа прилика загинаа 41. лице, а 14. лица се повредени. Пожарот, за кој се претпоставува дека избувнал поради дефект на струја во клима уредите, го блокирал излезот и предизвикал стампедо. Си-Ен-Ен објави дека меѓу загинатите има најмалку 18. деца.


Салах, кој британскиот весник „The Sunday Times“ го навел како осма најдарежлива личност во Велика Британија, е познат по своите хуманитарни гестови.
Пред неколку години донираше три милиони долари за помош на Националниот институт за рак.
Салах постигна еден гол во првите два натпревари на Ливерпул во Премиер лигата, бидејќи „црвените“ освоија само два бода и имаат слаб почеток на сезоната.

Фото: Принтскрин/Twitter/Монтажа


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Озил објавил фотографија од болничкиот кревет со надеж дека ќе реши долгогодишен проблем

Поранешниот германски репрезентативец Месут Озил објавил дека операцијата на грбот му „минала добро“ и дека …