Странските медиуми со месеци шпекулираат дека Анџелина Џоли е таа што анонимно ја покренала постапката против разузнавачката агенција ФБИ, а сето тоа поради случајот со расправија и насилство во приватен авион пред неколку години. Сега е утврдено дека под прекарот Џејн До, навистина била таа.
Џоли била идентификувана како анонимно претставената Џејн До, која во април оваа година поднела обвинение против американската разузнавачка агенција, а сето тоа поради нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит.
Имено, Џоли поднела тужба под лажно име, тврдејќи дека истражната канцеларија на обвинителството одбила пристап до записите поврзани со истражните наводи дека „тогашниот сопруг на жената… физички и вербално ги нападнал“ неа и нивните деца додека патувала со приватен авион пред неколку години“.
Дополнително, ја интересирало како случајот е завршен без никакви последици за Пит.
Да потсетиме, Џоли во 2016. година го пријавила поранешниот сопруг за насилство врз нејзиниот син Медокс, а сето тоа се случило за време на лет со приватен авион.
Дополнително, сега стана познато дека во обвинението било наведено дека во текот на целата расправија Пит во тој момент ја полил својата сопруга со пиво и и’ го повредил лактот.
Пит, исто така, наводно ја однел Џоли до задниот дел од авионот, ја фатил за раменици и ја тресел додека викал: „Го уништуваш ова семејство“.
По истрагата, ФБИ го ослободила Пит од секакви незаконски постапки во инцидентот, кој се случил за време на лет со приватен авион и потпаднал под јурисдикција на федералната влада.
Фото: Архива