(ВИДЕО) Песокот го „проголтал“ градот за неколку секунди

Неверојатни сцени можеа да се видат оваа недела во Дубаи, кога популарната дестинација „исчезна“ во облак од песок.
И покрај обилните дождови кои паѓаа во пет од седумте Емирати кои ги сочинуваат Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), песочна бура ги зафати ОАЕ во неделата.
Здравствените власти ги предупредиле граѓаните да носат маски за лице и да се држат настрана од песок и прашина.

Националниот центар за метеорологија на ОАЕ (NCM) издал црвени предупредувања за одредени делови од земјата. Полицијата ги предупредила сите да возат внимателно бидејќи од песокот тешко се гледаат семафорите.
Неколку авиони биле пренасочени кон други аеродроми поради слабата видливост. Според податоците на NCM, видливоста над меѓународните аеродроми во Абу Даби и Дубаи паднала на помалку од 500. метри.
Небото над Абу Даби и Дубаи во неделата било покриено со сивкава магла од прашина. Препознатливите згради како Бурџ Калифа и Аин Дубаи не можеле да се видат поради маглата.


Фото: Принтскрин/

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МЗ: Регистрирани се 65. нови лабораториски позитивни случаи на Ковид 19 – Пријавени се 3. починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 …