(ФОТО) СИ ТЕРААТ ПО СВОЕ – Меган и Хари повторно пристигнуваат во Велика Британија

Британскиот војвода и војвотката од Сасекс следниот месец ќе го посетат Обединетото Кралство за да учествуваат во добротворни настани.
Хари и Меган ќе ја посетат и Германија како дел од патувањето каде што ќе поддржат „неколку важни добротворни настани“, рекол нивниот портпарол. Двојката ќе го посети Манчестер за да присуствува на самитот One Young World, настан на кој ќе се соберат млади лидери од повеќе од 190. земји, на 5. септември.

Војвотката од Сасекс е советник на организацијата, како и Џастин Трудо, Сер Ричард Бренсон и Џејми Оливер.
После тоа, тие ќе ги посетат игрите Invictus што ќе се одржат во Дизелдорф во 2023. година и настанот во рамките на натпреварот наречен One Year to Go. Потоа ќе се вратат во Велика Британија за наградите WellChild на 8. септември.



Нивната посета на Обединетото Кралство е прва по прославата на платинестиот јубилеј на кралицата на почетокот на јуни.
– Принцот Хари и Меган, војводата и војвотката од Сасекс, со нетрпение очекуваат да присуствуваат на неколку добротворни настани кои се важни за нив, изјавил портпаролот на двојката.

Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ЛАРА ФЛИН БОЈЛ – Ѕвездата на „Твин Пикс“ ретко се појавува во јавноста, многумина сметаат дека изгледа непрепознатливо

Лара Флин Бојл беше ѕвезда на серијата „Твин Пикс“ во раните 1990-ти. После тоа таа …