(ФОТО) НУЦ „Ацо Ѓорчев“ Неготино: Поетско музички фестивал „Расфрлани искри на музика и поезија“

Минатиот викенд во Неготино беше во знакот на музиката и поезијата…
НУЦ Неготино на гостите од сферата на поезијата и музиката, а ги имаше од повеќе држави, им приреди невидено доживување… Гостите преспале во манастирот Свети Ѓорѓи и се запознале со историјатот на овој објект.

This image has an empty alt attribute; its file name is manastir-sveti-gjorgi-vo-negotino.jpg

loading...

Не уживаа само во поетските читања и музиката туку ги видоа и најважните знаменитости на овој град.
Главната програма се случи синоќа со поетски читања и доделување на награди во соработка со организацијата „Милица Паулус“.

Во музичкиот дел настапи и легендата не само на Неготино туку и Македонија Ѓоко Ѓорчев…

„Ми беше голема чест што настапив на овој фестивал на поезија и музика. Имаше прекрасна енергија која ја препознааа и граѓаните на Неготино бидејќи во време на годишни одмори салата беше полна. Беше убаво да се проследи тој спој на поезија и музика, едноставно прекрасно“, ни рече Ѓоко Ѓорчев.


Фото: Facebook


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО РАБОТИЛНИЦА ЗА КУКЛАРСТВО

Во рамките на првото издание на ИФДТ „Игор Маџиров” од 01 до 03 октомври, 2022 …