(ВИДЕО) ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА СТРАШНАТА СНИМКА КАКО ГРОМ УБИЛ ЧОВЕК! Мрежите зовреа од морничавото видео кое го шокираше СВЕТОТ!

На социјалните мрежи се појави снимка од удар на гром во дрво, под кое се засолниле четворица мажи, од кои еден починал од последиците на ударот!
На социјалните мрежи пред неколку дена се појави неверојатно и страшно видео. За само неколку дена има повеќе од 17. милиони прегледи и се крена голема врева поради содржината на видеото на кое се гледаат четворица мажи кои се кријат под дрво во градски парк од страшна бура и громови. Во еден момент гром удира во дрво и сите четворица мажи паѓаат на земја како последица од ударот на гром. Наводно, снимката е направена во Индија.

Сообраќајна камера од бандера преку улицата ја снимила оваа страшна снимка. Луѓето на интернет полудеа од гнев што вакво нешто беше објавено на социјалните мрежи бидејќи на почетокот се мислело дека на видеото се гледа инстант смртта на четворица мажи.
Луѓето на Интернет реагираа доста бурно: „Решивте да објавите видео каде се гледа како луѓето умираат?“; „Тргнете го ова, луѓе се убиени или повредени“, се само дел од коментарите на вознемирените луѓе.
Подоцна се испоставило дека тројцата мажи се здобиле со сериозни повреди и изгореници, но успеале да преживеат, додека еден починал трагично, пренесува „Newsweek“. Според тој портал, овој настан се случил минатата година, а видеото е објавено на 10. август 2022. година.


Зошто е опасно да се криете под дрво од грмотевици?
Криењето под дрво е втората најчеста причина за трагични случаи поради грмотевици. Дрвото е често вториот највисок објект во градовите и селата, а кога гром удира во дрво, тоа не поминува низ дрвото туку стигнува до земјата и потоа на површината се шири електрицитет.
Не постои идеална заштита од удари од гром, но превенцијата е најважна. Треба да се избегнува засолнување под осамени високи дрвја, особено под даб и слични таканаречени „тврди видови“ дрвја како јасен, цреша, орев, бука, цреша и јавор. Подобро е да се засолните под група дрвја или во шума, никогаш под осамено дрво.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) НЕГАТИВНИ РЕАКЦИИ – Гледачите згрозени од новиот филм за Мерлин Монро: „Ова е сурово, не го гледајте!“

Филмот „Blonde“, измислена приказна за легендарната актерка Мерлин Монро, кој неодамна беше објавен на Нетфликс, …