(ФОТО) НИШТО НЕ Е КАКО ШТО СЕ ЧИНИ – Вдовицата на Оливер Драгојевиќ открила: „Ме изневери со неа, ми требаа 10. години да преболам“

Вдовицата на пејачот Оливер Драгојевиќ, Весна Драгојевиќ на јавноста и открила со какви предизвици се соочила во бракот со покојниот пејач.

loading...

Весна и Оливер Драгојевиќ се запознале во 1973. година, набрзо се венчале и останале заедно до неговата смрт, а помалку е познато дека пејачот кој ја пленеше публиката со своите романтични далматински шансони водел живот полн со контроверзии.
Имено, Оливер, кој се трудел максимално да го одржи имиџот на семеен човек, во 2006. година го погодил скандал, поради што неговиот брак за малку ќе се распаднел. Протекоа информации дека тој водел паралелен живот и дека имал афера со поранешната манекенка Бранка Мариќ Мути, која изјавила дека е најголемата љубов на пејачот.
Бранка Мариќ Мути јавно признала дека е во долгогодишна љубовна врска со уметникот, дека одржувале интимни односи во текот на седумдесеттите и раните осумдесетти, а колку е сериозна аферата покажува фактот што Драгојевиќ сакал да ја остави сопругата Весна поради Бранка.


Вдовицата на Оливер Драгојевиќ отворено проговорила за тоа за хрватските медиуми, а меѓу другото нагласила дека и биле потребни 10. години да ја преболи измамата на пејачот.
„Во текот на сите тие години честопати завршував во прва помош поради стрес и нервоза. Долго време се обидував да сфатам зошто Оливер се сврте кон друга жена, но на крајот сфатив дека се работи за неговата незрелост и несигурност“, изјавила еднаш Весна за еден хрватски портал.
Следеле меѓусебни обвинувања, Бранка тврдела дека брачната двојка и оставила заканувачки пораки, што брачниот пар Драгојевиќ го негирал и поднеле противтужба поради претрпената душевна болка, која по повеќегодишна судска постапка ја исплатиле.

This image has an empty alt attribute; its file name is vesna-dragojevic-na-pogrebot.jpg
„Никогаш не сакав да зборувам за мојот живот надвор од сцената, но поради комбинација на чудни и неморални околности, се најдов во фокусот на скандал што го организираа други. Мојата интимност е пред се моја работа и ќе решам се што треба да се направи во моите четири ѕида и со оние на кои тоа се однесува, а ‘душогрижниците’ ќе останат гладни за сензација“, рекол тогаш Оливер и ставил крај на целата приказна.


Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЛЕТОТ КОЈ ГИ „РАЗВЕДЕ“ – Анџелина Џоли го обвинила Пит за физички напад: Ја грабнал за главата, па ги нападнал децата…

Еден од најпознатите холивудски парови Анџелина Џоли и Бред Пит повторно се во центарот на …