(ФОТО) На Федерер му пропаднале плановите – го издал познатиот диџеј

Швајцарскиот тенисер, Роџер Федерер, изгледа решил да се забавува, бидејќи моментално нема место на АТП листата. Иако се обидел да скрие каде се наоѓа, не успеал.
Имено, славниот тенисер моментално се наоѓа на Ибица каде очигледно го поминува времето, па очигледно сакал да го сокрие престојот од очите на јавноста, но во тоа го спречил познатиот диџеј Келвин Харис.
Тој на својот Инстаграм профил објавил колаж со фотографии, а прва во низата била онаа со Федерер и напишал дека ова е „официјално најголемата забава на островот“. Во коментарите се појавиле многу други изведувачи, па Мартин Гарикс стави емотикони, додека Џејми Хартман напишал „Две легенди“.

View this post on Instagram

A post shared by Calvin Harris (@calvinharris)

loading...

Фото: Архива


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Озил објавил фотографија од болничкиот кревет со надеж дека ќе реши долгогодишен проблем

Поранешниот германски репрезентативец Месут Озил објавил дека операцијата на грбот му „минала добро“ и дека …