(ФОТО) Морничавата судбина на познатата актерка која трагично го загуби животот: И умреле двете сестри и братот, а таа го преживеала и малтретирањето на нејзиниот татко

Ен Хеч, почина на 53-годишна возраст, откако беше исклучена од апарати за одржување во живот…
Познатата актерка, која одигра безброј улоги во серии и филмови, пред повеќе од седум дена предизвика две сообраќајни несреќи во кои се здоби со тешки изгореници, но и оштетување на мозокот, поради што до последен момент беше во кома.
Сепак, иако беше многу успешна во работата, животот не и бил воопшто лесен. Имала многу ужасно детство, бидејќи трпела малтретирање од татко и, додека нејзината мајка за сето тоа молчела и ја обвинувала дека лаже. Ен никогаш не и простила.
Покрај отсуството на поддршка од мајка и, таа преживеала и големи семејни трагедии. Ен е најмладата од четирите браќа и сестри, од кои тројца се починати. Како бебе ја изгубила својата сестра, која починала од срцева мана. Другата сестра Сузан починала од тумор на мозокот, додека братот Нејтан по завршувањето на средното училиште загинал во сообраќајна несреќа.

View this post on Instagram

A post shared by Anne Heche (@anneheche)

loading...

Сите тие трагедии оставиле големи последици, па Ен паднала во тешка депресија, но им се предала на пороците: – Пиев и пушев, се дрогирав и имав секс. Направив се за да го отстранам чувството на срам од мојот живот – напишала во своите мемоари трагично починатата актерка која цел живот барала начини да ги натера родителите да ја засакаат.
Беше во врска со комичарката и водителка Елен Деџенерис:


View this post on Instagram

A post shared by Sam (@realonlineboy)


– Холивуд ме стави на црна листа поради таа врска. Десет години не учествував во филмовите на големите студија. Дури и ме избркаа од проект вреден 10. милиони долари – изјавила Ен, која ја остави водителката по три години врска, бидејќи се заљубила во снимателот Колман Лафон, со кој го добила синот Хомер. Таа го има синот Атлас од 10-годишната врска со поранешното момче Џејмс Тапер.


View this post on Instagram

A post shared by Anne Heche (@anneheche)

Ен го загуби животот на 53-годишна возраст, на најлош можен начин, во сообраќајна несреќа која ја предизвикала под дејство на алкохол, во која се здобила со тешки изгореници и оштетување на мозокот.

View this post on Instagram

A post shared by 洪铭铧 (@hongmenyan)


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Клои Кардашијан „се заиграла“ во фотошоп: Пред нејзините облини се искривиле ѕидот и огледалото

На профилот на Клои Кардашијан повторно се појави фотографија со промашување на Фотошоп, што предизвикало …