РУЖДИ ОТСТРАНЕТ ОД РЕСПИРАТОР: Познатиот писател може да зборува, дури и се шегува

Британскиот автор со индиско потекло Салман Ружди е симнат од вентилаторот и може да зборува откако бил прободен со нож во вратот додека држел предавање во западниот дел на државата Њујорк, потврди денеска неговиот агент Ендрју Вајли.
Тој се уште е во болница со тешки повреди, а неговиот колега Атиш Тасир на Твитер напишал дека Ружди бил тргнат од респиратор и дека зборува, дури и се „шегува“.
Човекот кој го избодел се изјаснил за невин. Тој е задржан во притвор бидејќи обвинителот оценил дека делото е со умисла.
Полицијата веднаш го уапсила осомничениот напаѓач кој се упатил кон бината на амфитеатарот каде што зборувал Ружди и ги нападнал писателот и неговиот соговорник.
Ружди (1947) е познат по книгата „Сатански стихови“, која е забранета во Иран од 1988. година. Писателот беше принуден да се крие во Велика Британија една деценија откако иранскиот ајатолах Хомеини издаде верски декрет (фатва) си која на верниците им наредил да го убијат писателот за наводна навреда на исламот во романот.
Во 1998 година, иранската влада објави дека не ја поддржува фатвата, но и дека нема да ја повлече.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва започнува 10. Филмски фестивал за млади „Џифони Македонија“

500 ученици од Македонија и од шест европски земји на 10. „Џифони Македонија“ 5 октомври: …