(ВИДЕО) Ѓоковиќ добил охрабрувачка вест: „Не ми побараа доказ за вакцинација“

Францускиот новинар Квентин Мојне пристигнал во Америка и пренел интересни информации.
При влегувањето во САД не му побарале доказ дека е вакциниран, што фрла ново светло на моменталната ситуација и приказната дали Новак Ѓоковиќ сепак може да игра на УС Опен.
„Влегов во САД без да ме побараат доказ дека сум вакциниран. Ова не беше случај во март. Дали сега се спроведуваат упатствата на CDC? Тоа може да биде добра вест за Ѓоковиќ“, напишал Мојне.
Да потсетиме, Центарот за контрола и превенција на болести (CDC) на САД донесе нови мерки за невакцинираните лица.
Новите мерки им овозможуваат на невакцинираните Американци да го прескокнат карантинот откако ќе бидат изложени на вирусот. Наместо тоа, тие треба да носат нови квалитетни маски само десет дена и да се тестираат на петтиот ден или порано ако имаат симптоми.
Накратко, невакцинираните луѓе сега ги имаат истите препораки како и вакцинираните.

View this post on Instagram

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)

loading...

Сепак, влезот за невакцинирани странци се уште е забранет. Но, очигледно, проверката на граница не е толку ригорозна.
Секако, Новак рекол дека нема да се обиде на сила да влезе во САД и дека ќе ја чека одлуката на тамошната управа.
УС Опен започнува на 29 август.


Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Озил објавил фотографија од болничкиот кревет со надеж дека ќе реши долгогодишен проблем

Поранешниот германски репрезентативец Месут Озил објавил дека операцијата на грбот му „минала добро“ и дека …