(ВИДЕО) ФБИ спровел истрага, Алек Болдвин сепак го повлекол чкрапалото

Истрагата на ФБИ покажала дека Алек Болдвин го повлекол чкрапалото на пиштолот што ја уби снимателката на сетот на филмот „Rust“.
Болдвин случајно ја застрелал Халина Хачинс за време на снимањето на филмот во октомври 2021. година, но тврдел дека тој всушност не го повлекол чкрапалото. Сепак, новата форензичка истрага на ФБИ вели дека куршумите не можеле да бидат испукани од оружјето без физички да се повлече чкрапалото, пишува Sky News.
„Пиштолот не можел да испука без повлекување на чкрапалото“, се вели во извештајот.

This image has an empty alt attribute; its file name is alek-boldvin-i-hacins.jpg

loading...

„Начинот на смрт е несреќен случај“
Во извештајот за смртта на снимателката се вели дека е окарактеризирана како „несреќен случај“.

„Смртта е предизвикана од прострелна рана во градниот кош. Прегледот на достапните извештаи за спроведување на законот не покажаа убедливи докази дека огненото оружје намерно било наполнето со муниција во моментот на пукањето“, се вели во извештајот.
„Врз основа на сите достапни информации, вклучително и отсуството на очигледна намера да се предизвика повреда или смрт, начинот на смрт најдобро е да се класифицира како несреќа“, се заклучува.
Актерот, кој беше и продуцент на филмот, претходно изјави дека не го повлекол чкрапалото и дека нема поим како вистинскиот куршум завршил на снимањето. Властите, исто така, ги обвинија продуцентите на филмот за кршење на безбедносните протоколи и ги казнија со 136.793 долари.


Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЛЕТОТ КОЈ ГИ „РАЗВЕДЕ“ – Анџелина Џоли го обвинила Пит за физички напад: Ја грабнал за главата, па ги нападнал децата…

Еден од најпознатите холивудски парови Анџелина Џоли и Бред Пит повторно се во центарот на …