Колку шеќер е НАВИСТИНА ПРЕМНОГУ? Го има и во храната ЗА КОЈА НИКОГАШ НЕ БИ СЕ ПРЕТПОСТАВИЛЕ, но само треба да ОБРНЕТЕ ВНИМАНИЕ!

Додека шеќерот природно се наоѓа во овошјето, зеленчукот и млечните производи, најголемиот дел од дневниот внес на шеќер во денешната исхрана доаѓа од додадени шеќери. Прекумерното консумирање на додаден шеќер е поврзано со бројни болести, кои всушност може да се спречат.
Шеќерот не тера да внесуваме вишок калории, но без корисни хранливи материи може да го оштети вашиот метаболизам на долг рок. Но, колку шеќер е премногу? Можеме ли да јадеме малку шеќер секој ден без штета или треба да го избегнуваме колку што е можно повеќе?

Додаден шеќер и природен шеќер
Многу е важно да се прави разлика помеѓу додадениот шеќер и шеќерот кој природно се наоѓа во храната како што се овошјето и зеленчукот. Овошјето и зеленчукот содржат вода, влакна и разни микронутриенти. Природните шеќери се добри, но додадениот шеќер не е. Додадениот шеќер е главната состојка во слатките, а во изобилство го има и во преработената храна како што се безалкохолните пијалоци и готови производи. Најчести додадени шеќери се обичниот шеќер (сахароза) и сирупот од пченка со висока фруктоза. Со цел да го оптимизирате вашето здравје, се препорачува да избегнувате храна која содржи додадени шеќери. Светската здравствена организација препорачува максимум 40-50 грама шеќер дневно, додека Американското здружение за срце смета дека оваа бројка не треба да надминува 25 грама дневно за жени и 37,5 грама за мажи.


Општо познато е дека производите како слатки и газирани сокови, енергетски пијалоци, овошни јогурти, житарки, колачиња и сладолед содржат додаден шеќер. Сепак, производите кои обично не се сметаат за слатки, како што се кечапот, сосот за скара, супата, сосот од домати, преливот за салата, лебот и некои алкохолни пијалоци, исто така имаат значително влијание врз тоа колку шеќер ќе консумираме дневно.
Многу луѓе користат и дополнителни засладувачи во храната подготвена дома – кафето го засладуваме со шеќер, ги покриваме палачинките со сирупи или додатоци и генерално додаваме шеќер во бројни специјалитети. Сета таа дополнителна слаткост ја зголемува вкупната количина на шеќер во вашата исхрана, зголемувајќи ги калориите без никаква хранлива вредност.

This image has an empty alt attribute; its file name is seker-ima-nasekade.jpg


Видови додадени шеќери
Сахарозата и сирупот од пченка со висока фруктоза се најчестите шеќери што ги користат производителите на храна, но има и многу други видови. Ако сте загрижени за додадениот шеќер во преработената храна, еве неколку засладувачи на кои треба да внимавате на етикетата на храната, особено ако тие се една од првите неколку наведени состојки:
– засладувач од пченка
– сируп од пченка
– декстроза
– фруктоза
– галактоза
– гликоза
– пченкарен сируп со висока фруктоза
– лактоза
– сируп од јачмен слад
– малтоза
– меласа
– сахароза
– сиров шеќер

Некои состојки како нектар од агава, органски шеќер од трска или кокосов шеќер можеби звучат здраво, но тие се едноставно друг вид засладувач. Обрнете внимание на тоа на декларациите, доколку следите колку шеќер консумирате дневно.


This image has an empty alt attribute; its file name is seker-vo-krvta-1.jpg

Каде се наоѓа природниот шеќер?
Некои овошја и зеленчуци имаат природни шеќери, како што е фруктозата. Лубеницата, грозјето, грашокот и тиквичките се примери за храна богата со фруктоза. Авокадото, јагодите, морковите и мешунките имаат помалку фруктоза. Млекото, сирењето, павлаката, јогуртот и другите млечни производи исто така содржат природен шеќер во форма на лактоза.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Јелена Ѓоковиќ споделила фотографија од Дијана и Новак: Оставила краток и јасен коментар за својата свекрва!

Новак Ѓоковиќ вчера постигна голем спортски успех Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ја освои десеттата …