(ВИДЕО) ШОКАНТЕН СКАНДАЛ – Пристигнува документарен филм за холивудски актер обвинет за силување и канибализам

Пред година и пол Арми Хамер се најде во центарот на скандал кога неколку жени го обвинија дека им испраќал вознемирувачки пораки со бројни сексуални упатувања на канибалистички чинови.
Приказната за овој шокантен скандал кој ја потресе американската, но и светската јавност ќе се емитува на Discovery+ веќе на 2. септември.
Документарниот филм во три дела „House of Hammer“ раскажува за емоционалното злоставување, манипулација и сексуално насилство на Арми Хамер врз неговите поранешни партнерки.

loading...

Во документарецот ќе се открие дека неговите канибалистички фантазии и сексуални фетиши не се случајни, туку се резултат на, во најмала рака, нефункционална семејна ситуација.
Потсетуваме, неговата поранешна девојка Кортни Вучекович, после една жена која сакаше да остане анонимна, изјавила дека актерот често и кажувал кој дел од телото би сакал да и го јаде.

View this post on Instagram

A post shared by Armie Hammer Cayman 🇰🇾 (@armiehammercayman)


„Ми рече дека сака да ми го скрши реброто, да го испече на скара и да го изеде“, изјавила во тоа време 30-годишната директор на компанијата Flashhd од Далас, во ексклузивно интервју за Page Six.
После се, актерот Арми Хамер се пријавил на лекување. Тој побарал помош за проблеми со дрога, алкохол и секс и ги негирал наводите за канибализам.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МЗ: Регистрирани се 65. нови лабораториски позитивни случаи на Ковид 19 – Пријавени се 3. починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 …