(ФОТО) Кралицата Летиција покажала како да носите шорцеви ако сакате да изгледате елегантно

Кралицата Летиција од Шпанија секогаш има непогрешливи избори
По многубројните деловни ангажмани, шпанската кралица Летиција заминала на летен одмор со семејството, а за дестинација ги избрале Балеарските Острови.
Убавата Летиција била забележана на обиколка на градот Палма де Мајорка со нејзиниот сопруг, шпанскиот крал Филип VI и нивните две ќерки, принцезата Леонор (16) и принцезата Софија (15).
Кралицата Летиција секогаш има исполиран стил, иако моментално е на одмор, надвор од должност. Таа постигнала совршена рамнотежа помеѓу удобно, лежерно и сепак елегантно. Таа се одлучила за шорцеви, кои во комбинација со кошула добиваат сосема нова димензија.

Шорцевите на линии со висок струк ги споила со бела, лесна кошула, а ги облекла и омилените еспадрили, само што овој пат биле рамен модел.
Стајлингот на кралицата Летиција може да биде вистински пример за носење шорцеви на елегантен начин кога сакаме да изгледаме лежерно и елегантно во исто време.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Како брзо да се исушат алиштата во зима? Овие генијални трикови заштедуваат време!

Доколку немате тераса или соба во вашиот стан каде што можете да ги исушите алиштата, …