Во Окружниот суд во Лос Анџелес започна судскиот процес по тужбата поднесена од Ванеса Брајант против локалната полиција за повреда на приватноста и невнимание поради објавување фотографии од местото на несреќата во која нејзиниот сопруг и легендарниот кошаркар Коби Брајант и ќерката Џијана (13) починаа во 2020. година.
Адвокатот што ја застапува Ванеса пред судот во Лос Анџелес изјавил дека офицерите и пожарникарите на шерифот на Лос Анџелес отишле на местото на несреќата во јануари 2020. година и потоа го фотографирале, но без официјално одобрение.
Пред судот била изнесена тезата дека е направено се за да полицајците се „смеат и оговараат“, а не за документирање и анализа на причините за падот на хеликоптерот. Во врска со ова, се тврди дека имало нарушување на приватноста бидејќи немало официјална потврда дека фотографиите би можеле да бидат направени.
Vanessa Bryant dissolved into tears as her lawyer addressed the jury in opening statements, saying the 8 L.A. County Sheriff's deputies who took photos of the bodies of her husband and child took the pictures "for a laugh like they were souvenirs." https://t.co/ju4X3d37i1
— TMZ (@TMZ) August 10, 2022
„Тие ги споделија фотографиите додека играа видеоигри. Ги споделија со луѓе кои немаа причина да ги гледаат фотографиите”, рекол адвокатот, велејќи дека на фотографиите се гледаат осакатени тела, крупен кадар од екстремитети и изгорени делови од телото, по што продолжил:
„Тој 26. јануари 2020. година беше најлошиот ден во животот на Ванеса. Полицијата го влоши тоа, истури сол на отворената рана и ја триеше“.
Потоа, адвокатот пуштил безбедносна снимка од полицајците како пијат и му ги покажувале фотографиите на келнерот, кој наводно „го трга погледот“. Се верува дека фотографиите им биле прикажани на голем број луѓе, а бројката е повеќе од 30.
Jury selection and opening arguments in Vanessa Bryant's case against Los Angeles County began on Wednesday. https://t.co/LFJj4v7xtE
— ABC News (@ABC) August 11, 2022
Да потсетиме во хелихоптерска несреќа близу Лос Анцелес, покрај Коби Брајан и неговата ќерка Џина, загинаа и Џон Алтобели, неговата сопруга Кери и ќерката Алиса, Кристина Маузер, Сара Честер и нејзината ќерка Пејтон и пилотот Ара Зобајан, кој беше прогласен за виновен за оваа голема трагедија која го потресе светот пред две години.
Брајант беше еден од најдобрите кошаркари во историјата, пет пати ја освои НБА со Лос Анџелес Лејкерс за две децении, освои два златни олимписки медали со САД во 2008. година во Пекинг и 2012. година во Лондон.
Фото: Принтскрин/Instagram