Го подобрува здравјето на целиот организам
Дали знаете што само една мала шолја ѓумбир може да направи за вашето здравје? Ефектот е неверојатен – го помага варењето, ја елиминира мачнината и менструалните болки, ја зголемува енергијата… Бонус е и тоа што подготовката на напитокот е исклучително едноставна!
Состојки:
1 корен од ѓумбир
2 лимони
2 литри вода
3 лажици мед
Подготовка: Излупете го коренот од ѓумбир и добро измијте го.
Исечете го на коцки или измелете го во блендер.
Содржината истурете ја во сад, покријте ја со 2 дл вода и варете неколку минути на умерен оган.
Оставете малку да се излади, а потоа исцедете го лимонот и додадете мед.
Во шише од 2 литри истурете 1,5 литри вода и мешавината од ѓумбир, лимон и мед.
Чувајте го шишето во фрижидер.
Пред да го консумирате сокот, задолжително протресете го шишето и, доколку сакате, додадете неколку коцки мраз. Со оглед на тоа што не содржи адитиви и шеќер, може да стои во фрижидер најмногу 7 дена.
Една чаша ќе направи чуда за вашето здравје. Оваа смеса е богата со корисни состојки како што се фосфор, витамин Б, Б3, Б6, протеини и диетални влакна.
Гингеролот присутен во свежиот ѓумбир помага при гадење и стомачни проблеми како што е варењето.
Ако пиете сок од ѓумбир секое утро на празен стомак, експертите велат дека многу ќе му помогнете на вашето здравје!

Пет причини зошто секое утро треба да пиете СОК ОД ЃУМБИР: Една чаша од овој напиток прави чуда!
Страни: 1 2
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.
✕